СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Согласно законот за Основно образование во прво одделение се запишуваат деца родени во 2016 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2017 година по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.

Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште и истите дополнително ќе достават покана за упис на вашето дете со термин кога треба да се обратите во училиштето.

Потребна документација која треба да се понесе при уписот на детето во прво одделение:

  1. Извод од матична книга на родените на ученикот (копија);
  2. Државјанство на ученикот (за ученици кои се родени во странство);
  3. Копија од лична карта од родител;
  4. Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа ЈЗУ Општа болница – Кочани;
  5. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа ЈЗУ Општа болница – Кочани;
  6. Потврда за направен офтамолошки преглед (преглед кај очен лекар);
  7. При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Документите се доставуваат на денот на опсервација на Вашето дете во оригинална форма во термин кој дополнително ќе биде утврден од страна на училиштето каде вашето дете е училишен обврзник согласно утврдената реонизавија донесена од Советот на Општина Кочани.

Уписите во сите основни училишта ќе започнат на 04.05.2022 година.

Сподели: