Градоначалникот на Крањ во Кочани
Градоначалникот на Општина Крањ, Република Словенија Матјаж Раковец и заменик-градоначалникот Јанез Черне остварија работна посета на Општина Кочани, во рамките на која во општинската зграда се сретнаа со градоначалникот Љупчо Папазов. Притоа Папазов ги презентираше природните ресурси, економски потенцијали, како и природните и културни богатства со кои располага општината.
Во рамките на престојот, делегацијата од Р. Словенија беше во посета на кочански локални фирми, со цел запознавање со работата на бизнис секторот во општината. Посета беше извршена и на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци, Геотермалниот систем – Геотерма и туристичкиот комплкес Пониква, на Осоговските Планини.
Градоначаникот на Општина Кочани изрази надеж за понатамошна меѓусебна соработка во повеќе сфери кои ќе бидат од важност за граѓаните на Општините Кочани и на Крањ, како збратимени градови.