Жалба од „Осогово“ до ФФМ

ГФК „ОСОГОВО“ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО НАТПРЕВАРУВАЧКАТА КОМИСИЈА ПРИ ФФМ СО КОЈА БАРА “ДЕТОНИТ ЈУНИОР“ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И ДА ГИ ЗАГУБИ БОДОВИТЕ КОИ ГИ ОСВОИЛ СО ФУДБАЛЕРОТ ИВАН НАСТЕВСКИ, БИДЕЈЌИ ИГРАЛ ЗА ТРИ КЛУБА ВО ЕДНА СЕЗОНА, ШТО НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. ФУДБАЛСКАТА ЈАВНОСТ ВО КОЧАНИ И ЖОЛТО-СИНИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ ИСХОДОТ, НАДЕВАЈЌИ СЕ ДЕКА И ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО ЌЕ ОСТАНАТ ВТОРОЛИГАШИ.

Од ГФК Осогово од Кочани очекуваат Натпреварувачката комисија при ФФМ да ја прифати жалбата, а Детонит јуниор да биде казнет поради неправилна регистрација на фудбалер, со што жолто-сините би останале во втората лига и следната сезона.

Осоговци бараат да се разгледа случајот со Иван Настевски, кој настапува во Детонит Јуниор. Овој фудбалер во текот на сезоната промени три клуба, а притоа влијаеше на резултатите на својата сегашна екипа во битката за опстанок. И притоа Настевски настапил во една сезона за сите три клуба, што е прекршување на одредбата од член 10 став 3 од правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери за натпреварувачка сезона 2021/22.

Во Осогово веруваатдека ќе биде донесено исправно решение врз основа на записниците од настапите на Настевски за Скопје, Охрид и Детонит јуниор во една сезона.

Како што дознаваме од неофицијални извори, комисијата сака во некои нивни лавиринти да го заобиколат правилникот и да се повикаат на други членови се со цел да се затвори случајот и да се заборави. За да нештата бидат појасни го цитираме Членот 10 од правилникот за регистрација: „Фудбалерите смеат да бидат регистрирани за најмногу три клуба во текот на една сезона. За овој период фудбалерот има право за настап во два клуба на официјални натпревари, освен на случај на преклопување на сезони согласно ФИФА правилникот за статус и трансфер на играчи. Во сите околности мора да се земе во предвид спортскиот интегритет на натпреварувањето посебно дека фудбалерот не смее да игра на официјални натпревари за повеќе од два клуба кои се натпреваруваат во национално првенство или куп натпреварување во текот на една сезона!“.

Затоа потсетуваме дека Осогово не се жали на тоа дека фудбалерот Иван Настевски има играно на официјални натпревари и куп натпревари во три клуба во текот на една сезона и во националното првенство и во куп натпревар со што се прекршува Член 10 од правилникот за регистрација и бараме на клубот во кој играл и давал голови со што влијаел дирекно врз резулататите на натпреварите да се санкционира според правилникот.

Не се бара вина од Фудбалската Федерација на Македонија за начинот на регистрација и тоа дали користеле ден или два преодни рока или бил регистриран како Џокер бидејки никаде тоа не го пишува. Јасно е дека има право да биде регистриран во три клуба, но не смее да има настап за трите клуба во една сезона.

Се надеваме дека ќе победи разумот и дека Комисијата ќе го почитува својот правилник и дека ќе донесе правилна одлука, а тоа е казна за клубот кој направил прекршок, се друго ќе го сметаме дека е пристрасно и непочитување на правилникот со што не само ние како клуб туку и сите други клубови кои чекаат да го видат исходот од овој случај ке ја изгубат довербата во Комисијата која сама нема да се испочитува, се вели во соопштението од ГФК Осогово.

Сподели: