На 23 мај во Кочанско – ларвициден и третман од земја за заштита од комарци
В понеделник, на 23 мај 2022 година во Кочани ќе се спроведе првиот ларвициден третман против комарци.
Третирањето ќе се врши по течението на Кочанска Река, од градот кон браната Гратче, потоа низводно од градот и на локации со застојани води, на вкупна површина од 6 хектари.
Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши и терестичкото третирање – прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектарина подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третманите против комарци ќе ги реализира стручна екипа на „Лиса ком“ од Кавадарци, а ќе биде употребен широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови.