Се помалку ќе има и за леб
УТРЕШНИОТ БРАН ПОСКАПУВАЊА КОЈ КАЈ НЕКОИ ПРЕХРАМБЕНИ АРТИКЛИ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ОД 10 ДО НАД 20 ПРОЦЕНТИ, ЌЕ ИМ ЈА ЗАГРОЗИ ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ СЕМЕЈСТВА, КОИ И ДО СЕГА МАКА МАЧЕА КАКО ДА СЕ ПРЕХРАНАТ. НАЈСЕРИОЗНО И НАЈПРОБЛЕМАТИНО Е ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЛЕБОТ, А МЕСО И СУВОМЕСНИ ПРОИЗВОДИ СО НОВИТЕ ЦЕНИ, ЌЕ СЕ КУПУВААТ НА ГРАМОВИ.
Денескапрактично е последенденодрокотзаделодантикризнитемеркикоистапијавосилавомарт, а сокоисенамали ДДВ-тозаосновнитепроизводизаисхранаод 5 на 0 проценти, потоа сенамалиакцизатанагоривата, а Владатанатрговцитеимјаограничии маржатана 5, односнона 10 отстозаодреденипроизводи.
Истекувањето на рокотза овиемеркизначидекаодутрепанатамуќеслединовопоскапувањеналебот, брашното, шеќерот, маслото, млекото, во чија цена повторно ќе биде вкалкулирано ДДВ-тоод 5 проценти, какоштобеше и предантикризнитемеркинаВладата.
Укинувањетонаовиемеркипредизвикааоправдан стравкајграѓанитеодновипоскапувањанапроизводитекоисесèпоизвесни. Дека е така зборуваат најавите на пекарските фирми упатени до трговската мрежа дека лебот од утре ќе се продава по нова, повисока цена. На пример, најголемиот кочански производител на леб најавил дека од утре стандардната векна, која е доминантна во продажбата, од 30 или 33 ќе се зголеми на 40 денари, што е поскапување за 7 до 10 денари, или за 20 до 25 проценти.
Поскапувањата ги најавуваат и во мрежата маркети во Кочани, каде велат дека основните прехранбени артикли како зејтин, шеќер, млеко, месо и сувомесни производи, ќе поскапат за десетина и повеќе проценти. Поради тоа граѓаните во последните неколку дена ги испразнија рафтовите со масло ја јадење, шеќер, брашно и други артикли.
Ваквиот бран поскапувања предизвикува доза на паника кај сиромашните слоеви на граѓани, кои стравуваат како ќе преживеат од први до први во месецот, бидејќи платите и пензиите, како и социјалната помош и до сега не им стигнуваа. Поради скапотијата ќе бркаат акциски продажби со намалени цени, ќе се издолжуваат редиците пред продажните места за бајат леб.