На 3 јуни во Кочани – прво авиотретирање против комарци
В петок, на 3 јуни, од 5 до 8 часот наутро, екипа на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведе првата фаза од авиотретирањето против комарци.
Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.
За третманите против комарците ќе се користат широкоспектарни инсектициди за третирање комарци одобрени од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.
Општина Кочани