Делегација од Општина Кочани гостуваше на Празникот на розата во Казанлак
Оваа година по 119 пат беше организиран Празникот на розата во Казанлак, Република Бугарија, каде што гостуваше делегација од Општина Кочани.
На традициналното празнување освен кочанската делегација, беа присутни уште многу други од сите страни на светот, при што беа разменети меѓусебни меѓународни искуства и претставување на меѓусебните култури.
Во придружба на нашата делегација, присутни гости беа и членовите на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, коишто пред присутните ја претставија нашата држава со нејзините знаменитости и традиционални културни и уметнички богатства.
Во склоп на Празникот на розата, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов оствари средба и со градоначалничката на Општина Казанлак, Галина Стојанова.
Општините Кочани и Казанлак се долгогодишни збратимени градови.