Александар Андов поднесе оставка

Денеска сакам да ве известам вас медиумите и јавноста дека по направените анализи за сезоната која заврши решив да поднесам оставка од шеф на стручен штаб на ГФК Осогово. На ваков чекор се одлучив и решив бидејќи јас ја преземам одговорноста за тоа што нашиот градски миленик, нашиот клуб ГФК Осогово не успеа да го сочува местото во Втората Единствена Македонска лига иако испаднавме со освоени 31 бод 4 бодови повеќе од минатата сезона а минатата сезона го изборивме опстанокот со 27 бодови. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите играчи кои беа дел од клубот, поготово на капитенот Тоше Манов на кого му посакувам да биде носител на играта и со неговите голови да го врати клубот онаму каде што припаѓа, на заменикот капитен Никола Стоиловски, на нашите нови бисери Стојанче Тренчев, и Јован Дојчинов, Борис Донев и сите играчи кои беа од други градови а играа за Осогово како да потекнуваат од Кочани, на моите стручни соработници од кои имав голема поддршка, на навивачката група Сејмени, кои се вратија на трибините и секоја утакмица беа нашиот 12-ти играч, и правеа неверојатна атмосфера за која можат да и завидат многу навивачки групи, на Здружението „Никола Мантов“ кои со безрезервна поддршка го поддржуваат клубот во секој сегмент на неговото функционирање, на стручните служби во клубот и на Економатот кој секогаш се грижеше за сите нас да бидеме задоволни додека сме на градскиот стадион. На играчите и мојот наследник им посакувам мн. успех и добри резултати и веднаш експресно да се вратат во Втората Македонска лига. Оваа моја изјава ја завршувам со нашиот познат слоган 💛💙Аванти Осогово💛💙                                           

Сподели: