ОО на СДСМ Кочани : ДПНЕ е единствената партија во Европа која во време на светска економска криза продолжува со алчност и заработка на грбот на граѓаните
На вчерашната седница на Советот на Општина Кочани, се разгледуваа 5 точки на Дневен ред, меѓу кои Советничката групa од редовите на СДСМ Кочани, побара да се додаде расправа за Reload 2 – во чие кофинансирање Општина Кочани има учество со 20%, за јавниот повик на истоимената, каде под неразјаснети околности е одобрен проект на Здружение во сопственост на наш сограѓанин – сопственик на медиум во Кочани.
Истовремено, иако Советничката група од редовите на СДСМ не го поддржа предлогот за пренамена на средства за привремени вработувања, каде 1.000.000,00 денари беа повлечени по барање на истата пред две седници, локалните власти не запираат со вработувањата на своите партиски војници.
Тоа заврши со оневозможување да обезбедат средства за плати на истите.
Во време кога цела држава е зафатена со криза, Локалната самоуправа не одвојува ни денар за помош на граѓаните и напредок на Општината, но затоа непрекинато ги троши народните пари за партиски вработувања и проекти.
Господа од ДПМНЕ – етика, солидарност и морална одговорност се начела кои ги заборавате во креирањето на Вашите политики. Бесрамно зборувате за сиромаштија, додека својата матрица ја богатите на грбот на граѓаните.
Граѓаните на Кочани заслужуваат да знаат каде се трошат нивните пари⁉
Со почит,
ОО СДСМ Кочани