Не е украден уште комбајн
ПРОВАЛНИТЕ КРАЖБИ ВО КОЧАНИ БЕЛЕЖАТ СЕРИОЗЕН ПОРАСТ ШТО ГИ ЗАГРИЖУВА И ГРАЃАНИТЕ И ОДГОВОРНИТЕ. КРАДЦИТЕ ОПЕРИРААТКАДЕ ШТО ЌЕ СТИГНАТ, ВО ПЕРИФЕРНИТЕ РЕОНИ И НАСЕЛЕНИ МЕСТА. СЕ КРАДАТ ТРАКТОРИ, МОТОРНИ ВОЗИЛА, МОТОЦИКЛИ, А НЕ СЕ ПОШТЕДЕНИ НИТУ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ ОД КОИ ГО СНЕМУВА РОДОТ.
Тоа што надлежните во Општина Кочани се почесто се жалат дека во последно време се трпат сепоголеми штети од крадци кои хараат по градот и пошироко, е најсилниот аларм дека одредени негативни појависе излезени од контрола и дека службите тешко се справуваат со нив. Поедини граѓани, кои се жртви на провални кражби, повеќе не ги пријавуваат, бидејќи се чувствуваат незаштитени, а и никој не им го враќа назад украденото. Дека крадците не стравуваат од никој потврдува и посегнувањето по објекти и имот на приватни фирми, јавни претпријатија, институции и имот на општината и државата. Деновиве филмски е опљачкана банзинска пумпа. На Пониква се испокрадени градежни материјали и други вредни предмети од викендички. Крадењето огревни дрва и од шумите и од граѓаните се одомаќини, како да е легална работа. Дрвокрадците, ако ги налутат чуварските служби, за одмазда, палат шумски куќички и никој ништо не им може. Се жалат и градинарите, особено тие на отворено, бидејќи како што велат, крадци пред нив го берат, а тие остануваат со празни раце. Некои велат дека треба да се вратат падарите, кои своевремено ги чуваа полињата, бидејќи друго чаре нема.
Анкета …
Сопствениците на викенд куќички во околината на градот, низводно на Кочанска Река, во Пантелеј и на Пониква, исто така се честа мета на провалници, при што трпат сериозни штети, како од украденото, така и од уништеното. Сепак своевидна кулминација достигнува крадењето во полските села, каде организирани групи лесно крадат трактори, моторни возила и механизација. И потоа никој не може да ги пронајде.