Нападнати и претепани работници на КЈП „Водовод“

Актуелности.мк утрово дојде до неофицијална информација дека вчера, нешто пред 14 часот, при извршување на работните задачи на Ул. „Бел Камен“, за одстранување дефект, била нападната екипа на КЈП „Водовод“, при што поединци од вработените се здобиле со тешки и полесни телесни повреди. Групата напаѓачи, кои живеат во тој дел од градот броела најмалку седум лица, а нападнати се тројца вработени во комуналното. Дознаваме дека еден од работниците, кој најверојатно има напукната или скршена коска во пределот на ногата, истата му е мобилизирана во лонгета.

Полициски службеници извршиле увид на местото на инцидентот, при што се спроведени соодветни законски постапки, а се очекува во текот да денот да се лиферува официјално соопштение од надлежните.

Сподели: