ОПШТИНА КОЧАНИ 

Трибина во МКЦ: „Ромите во Кочани денес“

Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе области: образованието, социјалата, урбанизмот и инфраструктурата. Видувања за состојбите и за напредокот на Ромите во Кочани изнесоа и Јалчн Неџипов, како претставник на „Ромалитико“ и Мануела Саидова од невладината организација „Светла иднина“. Ученици од ОУ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови садници покрај тротоарите и во парковите

Деновиве се озеленуваат нови површини во централното градско подрачје на Кочани. Се засадуваат нови садници од видовите јасен, јавор, липа, црвена слива и платан покрај тротоарите по неколку улици, како и на повеќе парковски површини.    Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата високостеблеста вегетација.

Прочитај повеќе
КОРИСНО 

Детско игралиште во Грдовци

Во непосредна близина на Подрачното училиште „Никола Карев“ во Грдовци, Општина Кочани во соработка со службите од КЈП „Водовод“, оформи детско игралиште. Поставени се реквизити за игра, хортикултурно е уредена околината и се засадени високостеблести дрвца. Уредувањето на овој простор претставува нова корисна содржина наменета за најмладите од Грдовци.

Прочитај повеќе