Полицијата во акција запленува марихуана
Според сеуште неофицијални информации, во тек е опсежна полициска акција во Кочани и околината, за откривање и запленување на нелегално поседување на големи количини на марихуана. Според првичните информации во почетната акција полицијата успеала да заплени над 200 килограми од оваа дрога. Активностите на терен продолжуваат, при што се очекува дека е можно откривање и запленување на нови количини. Сепак подетални податоци околу спроведената акција се очекуваат во текот на утрешниот ден. Инаку, проценетата врадност на до сега запленетата Марихуана изнесува околу половина милион евра.