ФК „Слога 1934“ кај експрволигашот „Борец 1919“
Едно од најпријатните изненадувања во сега веќе екс-втората лига Исток, „Слога 1934“ од Виница, на стартот на единствената Втора лига на Македонија, ќе игра против „Борец“ во Велес. „Каменица Саса пак на свој терен ја пречекува „Беса 1976“. Еве ги паровите за првото коло од Втора МФЛ 2022/2023 – Есенски дел
На 13 август 2022 во 17.00 часот ќе играат:
Борец 1919 – Слпга 1934, Кожуф – Пелистер
Аресими 1973 – Вардар
Охрид Лихнидос – Тетекс 1953
Детонит Плачковица – Беласица
Караорман 2017 – Воска Спорт
Пехчево – Гостивар
Каменица Саса – Беса 1976
Македонскиот фудбалски куп и во новото издание ќе започне со фазата на шеснаесетфинале, а Каменица Саса ќе игра против скопски Вардар, додека „СЛОГА 1934“ за противник ја доби штипска „БРЕГАЛНИЦА 2008“. Натпреварите од оваа рунда ќе се играат на 14. септември