ЖФК и ФК „Кочани“ со годишни собранија

Согласно статутот на здруженијата на граѓани Женски фудбалски клуб  КОЧАНИ, Фудбалски клуб „Кочани“, на 30. Јули  2022 г. (сабота) со почеток  во 19.00 часот, ќе се одржат годишните собранија, со идентичен дневен ред:

  1. Извештаите  за работа во изминатата натпреварувачка 2021/2022 година на ЖФК КОЧАНИ и на ФК „Кочани“.
  2. Финансиски извештај за работењето на двата клуба, и
  3. Разгледување на програма за работа за идната натпреварувачка 2022/2023 година.

По повод враќањето на ЖФК „Кочани“ во Првата фудбалска лига за жени, и во знак на 16 години женски фудбал во Кочани, како и 17 години на ФК „Кочани“ како расадник на млади таленти, (пример: трансферот на некогашниот член на клубот, Јордан Манев во Адана Демирспор“), ќе биде отпечатена мини брошура како потсетување и сведоштво на постигнатите успеси и достигнувања на двата клуба, кои дадоа значаен придонес во развојот на спортот во нашиот град.

Сподели: