Иселениците на собир во „Св. Спас“

ЗДРУЖЕНИЕТО „КАМЕНИ МОСТ“ ВЧЕРА ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ИСЕЛЕНИЧКАТА СРЕДБА ВО ДВОРОТ НА МАНАСТИРОТ „СВ. СПАС“ КАДЕ СЕ СОБРАА ГОЛЕМ БРОЈ ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТЕНИ ВО ИТАЛИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ. НА ПРИСУТНИТЕ ИМ СЕ ОБРАТИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ВИНИЦА, МИЛЕ ПЕТКОВ, А ВО ИМЕ НА ОРГАНИЗАТОРОТ, ЗДРУЖЕНИЕТО „КАМЕН МОСТ“ ГИ ПОЗДРАВИ ИЛОНА ЗАХАРИЕВА.

В недела во дворот на Манастирот „Св. Спас“, кај Пеклани Здружението „Камен Мост“ја организираше традиционалната Иселеничка средба под покровителство на Општина Виница. Во официјалниот дел на насобраните им се  обрати градоначалникот Миле Петков, кој ја истакна нераскинливата поврзаност и желбата кај едните и другите за подобра соработка и подобри резултати во сите сфери на животот.

А ги поздрави и претседателката на Здружението на иселениците од овие краишта, „Камени Мост“, Илона Захариева, организатор на манифестацијата, која меѓу другото истакна дека овие средби се прилика да се разменат искуства, да се покренат иницијативи и да се бараат начини за подобар живот.

Организаторите подготвија манастирски ручек за сите присутни на средбата и богата музичка програма, која ја надополнија иселениците кои развија големо македонско оро.

Поради се поголемиот број иселеници од овој дел на државата, ваквите средби имаат се поголемо значење, бидејќи овозможуваат да се разменат искуства, да се истакнат одредени проблеми и потреби и да се воспостави поконкретна комуникација со локалната власт заради размена на идеи и иницијативи.

Сподели: