Свињите „на одстрел“ во Облешево
Од утрово во Облешево и во населените места во радиус од три километри се спроведува акција за егзекуција на целокупниот свински фонд во малите домашни фарми. Со специјални пиштоли се убиваат прасиња, товеници и маторици, се качуваат со багери во каиони и се транспортираат од определени локации. Додека екипи на АХВ од куќа до куќа ја спроведуваат акцијата, мештаните брзаат сами да заколат по некоја свиња, со уверување дека не е заразена, за да го зачуваат местото заради исхрана. На одредени локации доаѓа до расправии помеѓу инспекторите и одгледувачите, кои сметаат дека акцијата е несоодветна и дека народски кажано „заради една болва се гори јорган“.