Борачите се челичат на Пониква
Борачите на Боречкиот клуб Спартак од Кочани и Балканец од Штип деновиве се на висински подготовки на Пониква на Осоговските Планини, каде на надморска височина од 1600 метри се работи на подобрување на физичките можности. Борачите максимално ги користат природните услови и чистиот воздух за да ги наполнат батериите за предизвиците што ги очекуваат за претстојната сезона на турнири и натпревари, со цел остварување што подобри резултати.
Заедничките подготовки со квалитетните тренери и борачи на штипски Балканец се можност за побрз напредок во боречките вештини и размена на взаемни достигнувања во некогаш најтрофејните спортови во Кочани и Штип, кои дале врвни спортисти и освојувачи на медали на меѓународен план.