Американската амбасадорка Брнз во официјална посета на Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја прими во официјална посета амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз.

По повод почетокот на проектот за реставрацијата и конзервација на Споменикот на слободата, Н.Е. Брнз се запозна со потенцијалите за развој и состојбите во Кочани.

Градоначалникот Папазов ги претстави локалните економските капацитети и услови за стопанисување, туризмот како стратешки правец за развој, како и образовните ресурси во Кочани.

Амбасадорката Брнз изрази задоволство од можноста непосредно да го запознае Кочани и најави натамошни контакти што ќе ја продлабочат досегашната соработка.   

Сподели: