OO на СДСМ Кочани “ДПМНЕ – БЕЗ НИКАКВА ГРИЖА НА СОВЕСТ„

Почитувани,

Зборувате за кочење на Проектот за изградба на Дом за стари лица – Проект кој СДСМ го започна, а вие не умеете ниту да го реализирате. Да не зборуваме затоа дека не сте ни близу до решавање на главните општински проблеми кои се од суштинско значење и ги засегаат најмладите лица во Општината – учениците. 

Се закитувате со туѓи перја и напаѓате без причина, а нашите деца одат на училиште плаќајќи од џебот на нивните родители. Факт е дека учебната година започна пред 14 дена, а средношколците од Општина Кочани сеуште немаат превоз до своите училишта, проблем со кој се соочуваат оваа година, бидејќи до минатата на таа тема не се зборуваше – УЧЕНИЦИТЕ ИМАА ОБЕЗБЕДЕН БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ. 

Ова јасно говори за неспособноста за менаџирање на училиштето да спроведе тендер за транспорт на ученици, дополнително на тоа образложението е од НЕЈАСНИ ПРИЧИНИ. Доколку на сето ова ги споменеме и новите партиски вработувања, јасно се отсликува себичноста и вообразеноста, а најважните личности – учениците ги оставате за крај – крај кој останува неизвесен.

Па, господа од ДПМНЕ, БЕЗ НИКАКВА ГРИЖА НА СОВЕСТ  ГО КРШИТЕ ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ во кој е наведено дека во јавно средно училиште мора да има бесплатен превоз.

Превозот до училиштето е ПРАВО на секој ученик, а не привилегија дарувана од институциите. Истиот не е знак на нивна добра волја, туку должност кон граѓаните и средношколците. Дали се чека или договара нов милионски договор со АВТО АТОМ? 

Објаснете им на родителите зошто освен за храна годинава мора да издвојуваат средства и за превоз на своите деца!

Ивана Максимова

Советник во Совет на Општина Кочани

Сподели: