13 новозаразени со КОВИД 19 во Кочани се регистрирани во последните 24 часа.

Во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 13 новозаразени со КОВИД 19, информираа од Министерството за здравство. Со последните 13, бројката на активни случаи во Кочани изнесува 220.

На ниво на држава од 2464 тестирања , регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД 19 од кои најголем број се од Скопје.

Институтот за јавно здравје регистрираше 90 оздравени пациенти и четири починати лица.

Сподели: