ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ПРИЧЕСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО С. МОЈАНЦИ

Денеска, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани и Причестителната станица за отпадни води во с. Мојанци, меѓу кои г-ѓа Irène Kälin, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-дин Martin Candinas, прв заменик претседател на Националниот совет, г-дин Eric Nussbaumer, втор заменик претседател на Националниот совет, г-дин Claudio Fischer, раководител за меѓународни односи и повеќејазичност, Швајцарски парламентарни служби и г-ѓа Sophie Lachat Rohrer, советник за наука, Оддел за меѓународни односи, Швајцарски парламентарни служби. Во посета беше и амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Veronica Ullman.

Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци е проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО, капитален објект во кој се применува најсовремена технологија за пречистување и третман на отпадните води и се промовира самоодржливоста, кадешто 70% од енергијата која се троши е од сопствено производство.

Во склоп на денешната посета, од страна на претставници на Здружението „Меден Исток“ беа презентирани резултатите од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект којшто е финансиран од Швајцарската Влада.

Сподели: