„Слога 1934“ немоќна против „Вардар“
Лидерот на табелата Вардар во Виница ја потврди фаворитската улога и со 3:0 лесно стигна до трите бода, против домаќинот „Слога 1934“. Виничани пружија солиден отпор, но и резултатот уште на почетокот на натпреварот беше против нив, по раното водство на скопјани, па и тактичките замисли веројатно брзо паднаа во вода.
Еве ги резултатите од 11-то коло: Слога 1934 – Вардар 0:3, Беласица – Тетекс 4:0, Беса 1976 – Охрид 1:3, Караорман – Пелистер 2:1, Гостивар – Арсими 3:0, Лок. Скопје – Борец 3:2, Саса – Детонит Плачковица 1:1, Воска Спорт – Кожуф Гевгелија 2:2.
Табела по 11 коло: Вардар 28 бодови, Готивар 27, Воска Спорт 24, Охрид 22, Детонит Плачковица 21, Пелистер 20, Караорман 17, Беласица 15, Беса 1976 14, Арсими 13, Кожуф Гевгелија 11, Лок. Скопје 10, Саса 9, Слога Виница 9, Тетекс 7, Борец 0