Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак„2022
Во саботата во Кочани се одржа Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги поздрави присутните и учесниците натпреварувачи од земјава и странство во машка и женска конкуренција, кои беа во голем број.
Борачите на „Спартак“ освоија седум медали од кои пет во машка – 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен и две во женска конкуренција – 2 златни.
Медалите ги освоија:Филип Ангелов – златен медалДаријан Павлев – сребрен медалМилан Трендов – сребрен медалМихаил Ангеловски – сребрен медалАндреј Соколов – бронзен медалСлавица Митева – златен медал Стојана Митева – златен медал
Во изборот на најдобри борачи, комисијата ги прогласи:
Најдобар странски борач – Атанас Костадинов (Бугарија)
Најдобар техничар – Алихан Мутазе – Шкупи
Најдобар домашен борач – Даријан Павлев – Спартак
Најдобар борач на турнирот – Филип Ангелов – Спартак
Овој меѓународен меморијален турнир во борење е поддржан од Програмата за спорт на Општина Кочани.