Патронен празник на ОУ „Крсте Петков Мисирков“
Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одблежа својот патронен празник – 148 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.
По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија делегации од Општина Кочани и училиштето.