Прес конференција на ОК на ВМРО -ДПМНЕ Кочани
Почитувана јавност,
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисијата за образование, во врска со неодамнешните случувања поврзани со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани, одлучи да се произнесе во јавноста за да се демантира вистинската намера на заробени институции контролирани од полициските структури на СДСМ.
Централната власт и Владата конечно сфатија дека потполно потфрлија во справувањето со енергетската криза, инфлацијата, зголемената сиромаштија, владеењето на правото и водењето на државата по вистинскиот пат.Нивниот страв поради катастрофалниот рејтинг на последните анкети и предвремените парламентарни избори кои ќе се случат во пролет, ги мотивира оркестрирано во цела држава да започнат со политичката агенда ,,лов на вештерки”.
Целта е во општините каде локалната власт ја има ВМРО-ДПМНЕ да се прикажат раководителите на локалните институции со наводни незаконски местенки, а целата операција ќе се спроведува преку МВР, кое одамна ја изгуби својата вистинска намена и вредност.Исто така со ова ќе се направи целосен дефокус на реалните проблеми и аномалии во општина Кочани, како што е трговијата со наркотици, дивеењето на одредени граѓани кои се недопирливи поради нивните конекции со МВР, сообраќајниот хаос и други нелегални дејствија.
Конкретно, за обвинението во СОУ,,Гошо Викентиев”, се работи за незаконски упад на службени лица од МВР-Кочани на ден 18.10.2022 година, кои без соодветно легитимирање и БЕЗ налог од ЈО, незаконски одзеле документи од архивата на училиштето и истите НЕМААТ записник и потврда за привремено одземени предмети.
Јавно прашуваме:
До каде е постапката во Внатрешна контрола на МВР за конкретниот случај (поминаа 30 дена) и дали се подгреваат сомнежите за неиздавање на записник за одземени предмети дека се можни фингирања со намера да се дискредитира директорот на училиштето??
Почитувани сограѓани, ако има инсинуации во институциите за незаконски работи и тие се докажат на суд, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде првиот што ќе излезе во јавност и ќе се огради од таквите поединци.
Со почит,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисија за образование