Експресниот пат Кочани – Штип во употреба од Понеделник

26. декември е датумот кога по експресниот пат Кочани – Штип ќе профункционира сообраќајот. Поконкретно од понеделник ќе биде пуштена во употреба и втората делница од Кочани до Крупиште, што ќе овозможи возилата експресно да сообраќаат од крајниот исток кон централните делови на државата.

На свеченото сечење на лентата ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на јавни претпријатија, градоначалници и други заинтересирани.

Сподели: