Нов скандал во кочанската болница ! „Кога ке заврши неговиот живот ќе ви јавиме„

„ … кога ќе заврши неговиот живот, ние ќе ви се јавиме. Толку!„ – со овие зборови биле испратени сопругата и ќерката на 71-но годишниот Кочо Шанговски, кој во моментот е хоспитализиран во кочанската Општа болница. Неговото семејство  e потресено и не знае што се случува со здравјето на болниот.

Семејството Шанговски живее во Канада, а Кочо прв пат по три децении се враќа во родната земја и во Кочани. Од понеделникот е хоспитализиран во кочанската болница, кога последен пат го виделе. Неговите блиски тврдат дека состојбата му била мошне тешка. Морале да носат ќебиња од дома за да го стоплат, но и да го пресоблечат. Реагираат на условите, но и на неажурноста на медицинскиот персонал. Денес со адвокат неговата сопруга успеала да издејствува да ја пуштат за да го види.

Скандалот добил меѓународни димензии, бидејќи Шанговски го известиле и конзулатот на Канада во Македонија. Од нив барале да им помогнат за да го видат пациентот. Но и обидите на конзулатот да го добијат директорот на кочанската болница за да ги пушти сопругата и ќерката внатре биле неуспешни. Деновиве се очекува да пристигне и тим од канадската амбасада во Белград , а случајот го пријавиле и во канадскиот систем наменет за канадски државјани кои имаат проблем надвор од државата.

Голготата на Шанговски по македонските државни болници трае речиси месец и половина. Тој имал проблеми со тироидната жлезда, но откако кашлицата почнала да станува сериозна побарале лекарска помош. За овој период Шанговски дури два пати биле во штипската болница и неколку пати на преглед во Брзата помош во Кочани. Пулмологот во штипската болница од око проценил дека има метастазиран  карцином на едното белодробно крило. Во кочанската болница пак не сакале да им ја прочитат ренген снимката со образложение дека e направена во попладневните часови

Иако се обидовме да побараме одговор или објаснување за случајот и од директорот на болницата Александар Серафимов, тој и денес не одгавараше на нашите телефонски повици. 


Сподели: