Новата Година дочекана во „евростил“
Новата 2023 година кочанчани ја дочекаа во Градскиот парк, во максимално позитивна атмосфера, атрактивни музички групи, добра забава и новогодишен огномет. Штета што маглата го расипа визуелниот ефект од огнометот, за уживањето да биде целосно. Сепак, големиот број граѓани кои излегоа во и околу паркот, како и по главните улици, уште еднаш ја потврдија потребата од вакви масовни и празнични собирања, кои му даваат нова димензија на заедништвото.
Овогодишните искуства од организиран дочек и одговорно однесување на граѓаните само по себе е препорака и во иднина да се прославуваат ваквите празници, без страв од проблеми или инциденти. Според се што се случуваше во Градскиот парк, европските навики и стандарди полека но сигурно се пресликуваат и во наши услови и можности.