Игри без граници во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

На 28 декември во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, се реализирани хуманитарните новогодишни спортски „Игри без граници“. Во полната сала учениците од шесто до деветто одделение, поделени во тимови се натпреваруваа во четири атрактивни спортски игри, на задоволство на публиката која создаде извонредна атмосфера.

Овој предновогодишен настан е од забавно – хуманитарен карактер, за што се поставени кутии за донации на средства од сите присутни. Средствата се наменети за набавка на пакетчиња на социјално ранлива категорија на дечиња кои учат во училиштето. Директорот на ОУ „СВ. Кирил и Методиј“, Даниел Кралев им додели благодарници на сите вклучени во реализација на хуманитарно – забавниот настан, кој предизвика огромен интерес, што е сигнал дека треба да продолжи и во иднина.

Сподели: