Поразително: се отпишале 63 ученици

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА УЧЕНИИЦИ ЗА 63 ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, САМО ЗА ЕДНО ПОЛУГОДИТЕ, Е СВОЕВИДЕН АЛАРМ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖИ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. УШТЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО ТРЕНДОТ НА ПРАЗНЕЊЕ НА УЧИЛИШТАТА И НА ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ДРАМАТИЧНА ДИНАМИКА

За тоа какви ни се состојбите во државата, најдобро зборува осипувањето на бројот на ученици во основните и средните училишта кое бележи драстични размери. Само за пет месеци, или споредено септември – јануари, бројот на ученици во петте основни и двете средни училишта се намалил за дури 63. Или, попрецизно на почетокот на второто полугодие, денеска, на училиште тргнале 50 основци и 13 среднисти помалку, отколку на почетокот на учебната година во септември, лани.

Изјава …

Најлошо во целата ситуација е што трендот на иселување на млади семејства од Кочани продолжува, па може да се очекува дека понатамошно празнење на училишните клупи ќе продолжи уште позабрзано. Колку е тоа погубно за иднината на државата излишно е да се коментира. Но, за овој круцијален проблем надлежните ниту реагираат ниту нудат некакви решенија. Наместо тоа, секојдневно шират лажен оптимизам дека секој ден одиме напред и колку ни е убаво поради тоа. А Македонија од ден во ден е се попразна и брз млади.

Сподели: