Манифестацијата „Најдобар спортист … “, на 31.01.2023 г.

Манифестацијата Избор на најдобрите во спортот за 2022 година, на која ќе им бидат доделени наградите и признанијата на добитниците, е закажана за 31 јануари 2023 година. Настанот ќе се случи во Комплексот „Национал“, со почеток во 19 часот, на кој покрај избраните, ќе присуствуваат поканети спортски работници и спортисти од спортовите во Кочани.

Организатор на спортската манифестација е Општина Кочани, во соработка со Асоцијацијата на новинари, а под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов.

Сподели: