Подготовките од 31.01.2023, следуваат засилувања

СО НЕКОЛКУ ЗАМИНАТИ И СО ПРЕГОВОРИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА, „ОСОГОВО“ В НЕДЕЛА, НА 29 ЈАНУАРИ, ЌЕ ГИ ЗАПОЧНЕ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНАТА ПОЛУСЕЗОНА, ВО КОЈА ГО ОЧЕКУВА БИТКА ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА И ИСЧЕКОР КОН ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА. ТРЕНЕРОТ АКСЕНТИЕВ ЌЕ ИМА ТЕШКА ЗАДАЧА ДА СОЗДАДЕ РЕЧИСИ НОВ ТИМ, НО НА МАКА СЕ ПОЗНАВААТ ЈУНАЦИТЕ

Есенскиот шампион и најголем аспирант за првото место во третата фудбалска лига Исток, ГФК Осогово“ на 29 јануари, на стадионот „Никола Мантов“, ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона. Шефот на Стручниот штаб на жолто-сините Ефтим Аксентиев во 14:00 часот ја изврши првата прозивка, при што се очекува да биде соопштено колку и кои фудбалери ќе бидат ангажирани до почетокот на првенството, а кои си заминале од клубот.  

Од тоа што засега е јасно, е трансферот на Јован Дојчинов во Слога 1934 од Виница. По неговите стапки тргна и талентираниот Филип Донев, Осогово можеби најмногу ќе го осети одсуството на Андреј Коцев, кој Македонија ја замени со Германија. Неизвесна е судбината и на еден од столбовите во одбраната Љубомир Ѓорѓиев.

В недела, на стартот на подготовките Аксентиев, меѓу другото, ќе го соопшти планот за подготовките со цел екипата подготвена да влезе во полусезоната, бидејќу предизвикот е голем, а тоа е влегување во единствената втора лига.

Сподели: