Оризот се враќа во стоковите резерви?

Откако Владата на денешната седница го стави оризот на дневен ред во делот на стекнување статус на стратешка култура, се отворија вратите за влез на оризовата арпа во стоковите резерви. Имено, утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стокови резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа.

Дали и кога ќе се спроведе процедурата и во кој рок ќе започне практичната примена на законското решение, засега нема информации од ресорното министерство, но се верува дека до новата реколта, евентуалниот интервентен откуп за државните резерви ќе профункционира. Според какви параметри ќе се формира откупната цена од страна на државата, е прашање за кое ќе се дискутира подоцна, но во секој случај, враќањето на оризот на списокот на стратешки култури и ставањето во редот на стокови резерви, е од огромно значење за оризопроизводството во целост.

Сподели: