Откако беше објавено дека за 7 години од државата се иселиле 700.000 жители, деновиве граѓаните дознаа уште едно поразително истражување. Имено, на прашањето: „Кога би ви ги обезбедиле сите потребни документи, дали би заминале да живеете во друга земја, или и покрај можноста сепак би останале во својата земја, односно во Македонија, дури 42 отсто од анкетираните Македонци одговориле со – во друга земја. 55 отсто од испитаниците одговориле дека претпочитаат да останат таму каде што се, но треба да се има во предвид дека анкетирани се граѓани кои останаа тука. Само 3% од анкетираните се изјасниле со „не знам“.
Оваа анкета и резултатите од неа треба да се анализираат од аспект на тоа колкав број од работоспособното население е останато во државата, што практично може да значи дека значаен процент од тие што сакаат да останат веројатно се повозрасни граѓани.