„Каменица Саса“ пресилна за „Осогово“

Второлигашот „Каменица Саса“ со 3:1 го победи „Осогово“ на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани и покажа квалитативна разлика помеѓу двете натпреварувања. Гостите од Македонска Каменица одиграа сигурно и ефикасно, што е резултат на подобрата физичка и тактичка подготвеност во однос на жолто-сините, кои зад себе имаат нецели две недели тренинзи. По водството од 3:0 на искусните каменичани, младите осоговци преку Љупче Пеов успеаја да постигнат почесен гол.

Во секој случај, дуелот против посилен противник му дава одговори на повеќе прашања на шефот на стручниот штаб Тимо Аксентиев, како во одбраната така во средниот ред и во нападот. Младиот и перспективен состав има потенцијал да созрева во добро вкомпонирана екипа, но истовремено мора да се води сметка да се зачува првата позиција во пролетната полусезона, која го отвора патот кон второлигашката конкуренција.

Сподели: