ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОБСЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Денеска, градоначалникот Љупчо Папазов во општинската сала оствари средба со претставници од ОБСЕ – Ебен Фридман, раководител на отсек за набљудување и Нестани Капанадзе, офицер за набљудување.
На остварената средба беа разговарани различни теми, меѓу кои клучните состојби и предзивици со кои се соочува општината, правците во кои ќе се движи општината во периодот кој следува, како и функционирањето на Советот, образованието и комуналните дејности.
Претставниците на ОБСЕ на денешната посета истакнаа дека добро ги познаваат состојбите во нашата општина и дека интензивно ја следат работата на Советот на Општина Кочани.