Склучен меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“.
Денеска, во просториите на општинската сала на Општина Кочани беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“.
Проектот „Младински локални банки“ има за цел да создаде механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница, што резултира со општинско финансирање на младински проекти.
„Младинската локална банка” на Општина Кочани ќе овозможи на 10 учесници – членови на локалниот одбор на младинската банка да дејствуваат како креатори на промени во нашата заедница.