Апел за финансиска поддршка во збогатување на културно – уметничката програма по повод Велигденските празнувања

Општина  Кочани упатува апел до сите заинтересирани фирми да се вклучат финансиски во збогатување на културно-уметничката програма по повод велигденските празнувања под мотото „Сподели радост.

Оваа година Општина Кочани за прв пат во соработка со бизнис секторот овозможува поинакво одбележување на претстојните Велигденски празнувања под мотото „Сподели радост“.

Одбележувањето ќе се случи во Градскиот парк Кочани во периодот од 07-18 април 2023 година.

„Пролет бар“ го доби приматот оваа година да биде носител на активностите. Во склоп на одбележувањето ќе бидат поставени продажни штандови (куќарки) со различни понуди и големо велигденско јајце.

Во рамките на културно-уметничката програма се планираат денови на: музика, театар и филм, фолклор, училишна програма и слично. Потребна ни е поддршка од бизнис секторот во збогатување на финансискиот дел од програмата во која се планира концерт на популарни музички имиња. Засега во најава е поп ѕвездата Елена Ристевска, но понудата останува отворена и за други изведувачи.

Упатуваме АПЕЛ до сите заинтересирани фирми да се вклучат финансиски во збогатување на културно-уметничката програма. За таа цел фирмите ќе бидат рекламирани на видео пано кое ќе биде поставено во Градскиот парк, а сите фирми донатори кои ќе донираат над 20.000 денари можат да постават свој штанд и да продаваат свои производи.

Ова го правиме пред се за нашата младина, нашите деца, за едно поинакво Кочани во денови на духовно празнување, за подигање на свеста за заедништво, споделување радост, за чествување на убавото, за вложување во катче за дружење, споделување, радување.

Да покажеме дека сме сплотени, дека размислуваме за збогатување за духовното и културно живеењево општината, дека сме општествено одговорни, дека сме ЗА поддршка на овој нов концепт за одбележување на најголемиот Христијански празник Велигден.

Контакт телефон: 070-293-929 – Томица Атанасов.

Кафе бар „Пролет бар“

Сподели: