Маж падна на улица во бессознание

МАЖ НА ВОЗРАСТ ОД СЕДУМДЕСЕТИНА ГОДИНИ ПАДНА НА УЛИЦА И ОСТАНА ВО БЕЗСОЗНАНИЕ. ВЕРОЈАТНО ОД УДАРОТ СО ГЛАВА НА АСФАЛТОТ, МУ ИМАШЕ ИСТЕЧЕНО КРВ ОД НОСОТ. ЕКИПА НА ИТНАТА ПОМОШ ГО ОДНЕСЕ ВО КОЧАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ЗАРАДИ УКАЖУВАЊЕ СООДВЕТНО ЛЕКУВАЊЕ.

Денеска, околу 10 часот, на Улицата Д-р Николиќ, во центарот на Кочани, маж на возраст од околу 70 години, движејќи се по коловозот, паднал на асфалтот и останал во безсознание. Старецот одел пешки, со помош на бастун, држејќи во едната рака некакво кесе. Од носот му имаше истечено крв, веројатно поради ударот со главата на асфалтот, но даваше знаци на живот се до доаѓањето на Брзата медицинска помош. Со брза реакција на лекар и медицинска сестра, човекот беше качен во возилото за итни интервенции и пренесено во кочанската здравствена установа.

Сподели: