Спортска стипендија од Општина Кочани – за кошаркарот Дино Лазарев и каратистката Мартина Шахинова

Кошаркарот на „Баскет Дино“ Дино Лазарев и каратистиката на КК „Партизан“ Мартина Шахинова се стипендисти на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа минатата година.

Дино Лазарев, кој е активен спортист во кошарката веќе 10 години, е член на Младинската  кошаркарска репрезентација со која  во 2022 година учествуваше на Европското првенство на М16, и беше оценет како еден од најдобрите и најпрецизни кошаркари.  

Во 2022 година Мартина Шахинова освои второ место на Државното превенство во кадети, јуниори и сениори до 21 година и две трети места во категоријата кумите индивидуално (женска конкуренција) од Карате федерацијата на Македонија.

Во период од 10 месеци, Лазарев и Шахинова ќе бидат стипендирани со месечен износ од 3 илјади денари.

Општинската стипендија за спортист и спортистка – спортски надежи има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат резултати.   

Сподели: