ДПД Кочани набави противпожарно возило – цистерна
Доброволното противпожарно друштво – Кочани денеска доби уште едно противпожарно возило за интервенции. Станува збор за пратечко возило – цистерна, од марката „ТАМ“, со сад за складирање на вода од 5 тони и е опремено со комплет противпожарна опрема, црева, млазници, разделници, скала и противпожарен топ.
Од ДПД Кочани информираат дека возилото е набавено со средства од општините Кочани,Зрновци и Чешиново-Облешево, а е набавено од Доброволното противпожарноо друштво од Рогашка Слатина, Р. Словенија.
До крајот на календарската година според планот на ДПД – Кочани возниот парк треба да се збогати со уште едно теренско возило за интервенција, пикап џип теренец.