Пуштено во употреба новото детско игралиште во ОУ „Никола Карев„

Денеска официјално е пуштено во употреба ,,Детското игралиште” во ОУ Никола Карев. Игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот ,, Кочани-Виница” во склоп на проектот ,,НАПРАВИ РАЗЛИКА”, кој е финасиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и РК Штип.

– Ова детско игралиште е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме за да останиот дел од заедничкиот проект, а тоа се две подлоги за кошаркарско и фудбалско игралиште се реализира од страна на пректот ,,Направи разлика”, истакна в.д директорот Александар Андов.

Воедно тој упати благодарност и до Општина Кочани за поддршката што секогаш несебнично ја дава за реализација на вакви значајни проекти. Старите детски лулашки од училиштето ги репаритраа и истите се поставени , а исот така има поставено и клупи и столчиња на самиот детски парк.

Сето ова се реализираше и со поддршка од бизнис секторот, односно компаниите: “ЕВРОПА 92”, АЛМА”, “КУЗЕ 2000”, ” Mr.Black” и ”Есклузив” кои ни помогнаа и заедно со нашето училиште финансиравме и поставиме специјална гумирана подлога и специјална заштитна ограда на детскиот парк.

Сподели: