Започнаа Ѓурѓовденските обичаи …
Попладнево со дефилето, традиционалните игри и концертот во Зрновци, започнаа десетите Ѓурѓовденски обичаи, ора и песни, организирани од Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а поддржани од Министерството за култура. На оваа манифестација учествуваат десетина ансамбли од земјава и од странство, кои пред публиката во Зрновци се претставија со одбрана програма, карактеристична за местата од кои доаѓаат.
Пред почетокот на концертот, претседателот на ФА „Љупчо Сантов“, Александар Тошев им додели благодарници на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, како и на учесниците на манифестацијата.