Претседателот 166.000, работникот 20.000, пензионерот 12.000 …

Делува како држава на испревртени вредности Македонија, кога ќе се земат во обѕир платите на разноразни чиновници, наспроти обичните стручњаци и работници, или наспроти пензиите, нивните зголемувања и несразмерни соодноси. Како кој како се снашол. без критериуми и реалност.

Ако Талат Џафери или Стево Пендаровски за еден месец земаат плата од 166, или 166 илјади денари, за која еден наставник или професор мора да работи пет месеци, а работниците 7 или 8 месеци, и ако зад нив се уште над 1000 преплатени службеници, тогаш јасно е до каде е дојдена државата.

Кога на целиот грабализам ќе му се додадат и привилегиите на поранешните претседатели на државата, кои ја чинат десетици илјади евра месечно, народот ќе рече, добро е што сеуште функционираме.

Во категоријата нелогичности слободно може да влезат и пензиите, заедно со редовните и вонредни покачувања. Чудно е бивши полициски службеници, со скратен стаж, да се пензионираат со по 50-тина илјади денари пензија и да „жнеат“ покачувања од по 4 до 5 000 денари, за сметка на огромното мнозинство со по 12-13.000 денари, кои треба да се задоволат со 7-800 денари покачувања, само затоа што државата за едни е мајка а за други маќеа.

Сподели: