На 60-от ДАФ, 6 домашни и 4 странски претстави
Селекторот на 60-то. издание на Драмски Аматерски Фестивал кој ќе се одржи кон крајот на мај, Игор Џамбазов, од вкупно пријавените 16 претстави одбра 10, плус две вон конкуренција. Интернационалната димензија на фестивалот ќе му ја дадат три претстави од Србија и една од Хрватска.
Селектирани за учество се следните претстави и театарски групи: „НОЌ ВО МУЗЕЈОТ“ на ЦК ИВАН МАЗОВ-КЛИМЕ од КАВАДАРЦИ, „ТУНЕЛ“ на ТЕАТАРСКАТА ГРУПА „ГОДО- ТУНЕЛ“ од КОЧАНИ, „ДРАГИ УМЕТНИЦИ“ на ТЕАТАРОТ „ЧЕКОРИ“ од СКОПЈЕ, „ТЕНЏЕРОСАУРУС“ на театарската група ТИНТИРИ МИНТИРИ“ од СКОПЈЕ, „ЧУДАТА ВО АЛИСА“ на ТЕАТАР ПИ од СКОПЈЕ, „ЦРВЕНКАПА“ на ЛЕТАЧКАТА ТЕАТАРСКА ТРУПА од ТЕТОВО, како и претставите од Србија и Хрватска, „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“ на ХРАНИСЛАВ ДРАГУТИНОВИЌ од ПРОКУПЉЕ, „ПРОСИДБА И МЕДВЕД“ на СТУДЕНТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР од НИШ, и „ЗНАЦИ ПОКРАЈ ПАТОТ“ на театарот БРАНИСЛАВ НУШИЌ од ШИД, и „ВМРЕЖЕНИ“ на КУД „БРАНКО РАДИЧЕВИЌ“ од ВУКОВАР.
Публиката ќе има можност да проследи и две ретстави кои ќе се играат вон конкуренција: „ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ“ како гостин од ТУРЦИЈА и „СИНОТ ПОРТОКАЛ“ од ЦК ЈОРДАН Х.К. ЏИНОТ од ВЕЛЕС.
Селектор на овогодинешното издание на ДАФ е Игор Џамбазов