На Денот на пожарникарите – награди за најдобрите

По повод Денот на пожарникарството во Македонија, в сабота, на 20 мај, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ќе ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани и ќе ги врачи наградите на најуспешните пожарникари.

Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година, ќе ја добие Влатко Јефтимов од ТППЕ, а за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, ќе ја добие Мирче Павлов од ДПД

Противпожарните служби во текот на минатата година се соочија со голем број предизвици во гаснењето пожари на објекти и на отворено, во шумски појаси и во полињата, при што успешно се справија со огнените стихии, спречувајќи поголеми катастрофи и штети на материјални добра.

На 20 мај, Денот на пожарникарите

НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИОТ ПОЖАРНИКАР И НАЈДОБРИОТ ДОБРОВОЛЕЦ

Сподели: