Се обележува хоризонталната сигнализација на улиците и патиштата во Кочани

На јавните патишта и улици во Кочани во тек е периодичното одржување. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација.

Со подобрувањето на временските услови од денеска започнува бележењето на хоризонталната сигнализација. Избраниот изведувач работеше на обновувањето на пешачките премини на улицата „Стево Теодосиевски“. Работите ќе продолжат утре, на улиците „Стево Теодосиевски“, „Димитар Влахов“, „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“.

За непречено и брзо завршување на работите кои се од општ јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост.

Сподели: