Основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ го одбележува патрониот празник

Во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со првачињата, наставниот, раководниот кадар од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и со повеќе општински делегации, претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор.

Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свечена академија што ќе се одржи вечерва во холот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Сподели: