Одговор на ОО СДСМ на пресот на пратеникот Миле Лефков: Помина времето кога образованието служеше за перење пари и партиски активизам

За разлика од „наконтените“ (под наводници) прес-конференции на министерот за образование, актуелниот пратеник Лефков ќе се потсети како тие ги пречекуваа премиерот  и министрите од нивните редови: со блокирање на целокупната настава, со училишниот хор и оркестар, со вклучување на целокупниот наставен кадар и какви уште не фанфари во присуство на целата дополнителна локална партиска свита. За разлика од нив актуелните директори не ја прекинаа онлајн наставата заради пречекот на министерката Мила Царовска и околу нив немаше партиско раководство. Напротив, нејзиниот работен состанок низ училиштата беше мобилен, од нога и непосреден со дел од вработените и раководителите на установите како и непосреден увид на она што е сработено и она што се прави со буџетски средства.

Краток и јасен. По состанокот министерката веднаш замина за Скопје каде и понатаму беше посветена на својот ресор, додека министрите на ВМРО ДПМНЕ и премиерот во нивно време го искористуваа понатаму денот за партиски активности.

Министерката имаше работен состанок за одблизу да се запознае со активностите и проблемите на училиштата во Кочани и заеднички да изнајдат решенија.

Средбата беше отворена и искрена. За разлика во нивно време кога се беше вештачки, со однапред познати новинари и нарачани прашања, без критики и само со фалби.

За разлика од периодот на  ВМРО-ДПМНЕ кој во образованието воведе проект монитор за секое дете и го рекламираше како компјутер за секое дете, за кој доколку пратеникот е искрен нека одговори дали одржал повеќе од еден ден ИКТ часови со користење на компјутерите? Онлајн наставата функционира и за тоа е запознаена јавноста, а реакциите на наставниот кадар, учениците и родителите се повеќе од позитивни, но кога е во прашање опозицискиот пратеник, сѐ е нефункционално и црно.  

За тоа како била користена компјутерската опрема сега во училиштата повеќе од добро доколку се сеќава опозицискиот пратеник тоа се нагледни средства за и во функција на наставата и дали поради нивното рационално користење, дали поради тоа што тие како опозициски пратеници немаат лаптоп компјутери и ствара таков револт, не знаме. Нека се потсети каква компјутерска опрема остави зад себе воопшто. Напротив, коментарите на наставниот кадар за користењето на персоналните компјутери, за разлика од неговите негативни ставови, се позитивни.

Зар не се сеќавате во каква состојба ги оставивте училиштата без пандемија? Заглавени финансиски, без елементарни услови за работа, ги користевте за партиски штабови, а денес критикувате сѐ, дури и позитивните работи. Пратенику, дајте одважете се малку. Бидете еднаш конструктивни. Доволно критика, дајте помогнете му на образованието онаму каде што можете. Доста со празни зборови и обвинувања. Бивш наставнику, време е теоријата да ја примените во пракса, доста со празни партиски предавања!

Сподели: